Дома Фудбал Лига на шампиони Вајналдум: Бев лут што Клоп ме остави на клупата, кога влегов морав нешто да направам

Вајналдум: Бев лут што Клоп ме остави на клупата, кога влегов морав нешто да направам

Јирген Клоп со Ливерпул вчера направи големо изненадување и ја елиминираше Барселона од Лигата на шампионите.

Малку кој веруваше дека Ливерпул може да се пласира во финалето откако во првиот натпревар на „Ноу Камп“ беа поразени со 3:0. Меѓутоа момците на Клоп не се предаваа и успеаа да на режираат голем пресврт со победата од 4:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За големата победа на Ливерпул после натпреварот зборуваше двојниот стрелец Георгино Вајналдум.

„После натпреварот во Барселона бевме убедени дека можеме да постигнеме четири гола и да се пласираме во финалето. Но, голем број луѓе мислеа дека тоа е невозможно, но ние уште еднаш покажавме што е фудбалот и дека никогаш не треба да се предавме“.

„Полн сум со емоции. Бев лут што Клоп ме стави на клупата и кога влегов во игра морав нешто да направам и дадов два гола“, изјави Вајналдум.

Ливерпул својот противник во финалето ќе го дознае вечерва кога својот реванш ќе го одиграат Ајакс и Тотенхем. Ќе потсетиме, Ајакс во Лондон победи со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…