Дома Фудбал Ванијалдум: Барселона има фудбалски вонземјанец каков што нема повторно да се роди

Ванијалдум: Барселона има фудбалски вонземјанец каков што нема повторно да се роди

Долго ќе се памети вчерашниот настап на Лионел Меси и победата на неговта Барселона над Ливерпул. Домаќините славеа со 3:0 и сега на англискиот тим му е потребно чудо за пласман во финалето.

Свесни се во Ливерпул дека шансите за пласман во финалето им се мали, но сигурно нема да се предадат однапред. Пред своите навивачи ќе го дадат максимумот. Дали тоа ќе биде доволно против чудесниот Меси и друштвото останува да видиме.

Играчот за врска на Ливерпул, Ванијалдум кој вчера прикажа слаб настап и беше заменет во 78-та после натпреварот беше прилично јасен и го опиша Меси како вонземјанец каков што нема да се роди во иднина.

„Немавме среќа. Одиме понатаму. Има реванш на нашиот „Енфилд“, но ќе биде тешко. Многу тешко“, изјави Ванијалдум за натпреварот, а потоа следуваше коментар за Меси.

„Барселона има фудбалски вонземјанец каков што нема повторно да се роди“.

https://www.youtube.com/watch?v=jeaRkrxC8pU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски и Валенсија пред тежок испит: Реал доаѓа на „Местаља“

Валенсија го пречекува Реал Мадрид во сабота од 21 часот. Тимот на Столе Димитриевски е пр…