Aргентинскиот напаѓач Maуро Икарди ова лето го напушти Интер премина на едногодишна позајмица во ПСЖ.
Икарди игра одлично во дресот на францускиот клуб и на седум натпревар во овогодинешниот дел од сезоната постигна дури осум голови. Аргентинецот минатата сезона беше отпишан во Интер, а на стартот на оваа игра одлично во ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара призна дека таа сакала Икарди да остане во Милано и да потпише за градскиот ривал бидејќи не била расположена за промена на средината. Но, Икарди за ова не ја послушал.
„Имавме можност Мауро да се пресели во Милан. Лично таа одлука ми се допаѓаше затоа што на тој начин ќе останевме во Милано, но тој не можеше да го одби ПСЖ затоа што за него тоа беше најдобра одлука. Мене тешко ми е затоа што цело време патува од Париз во Милано и обратно. Сепак, таа одлука беше добра за неговата кариера и тоа е тоа“, изјави Ванда.