Дома Фудбал Италија Ванда плачеше во емисија поради ситуацијата со Икарди! (ВИДЕО)

Ванда плачеше во емисија поради ситуацијата со Икарди! (ВИДЕО)

Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи..

Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари (Рапид 0:1 и Сампдорија 2:1). Меѓутоа проблемите во клубот и понатаму изгледа нема да бидат решени и се наведува на тоа дека Икарди ја минува последната сезона во Милано.

Сопругата која е агент на Икарди, Ванда многумина ја сметаат за извор на сите проблеми, а сега таа зборуваше во медиумите и откри како нејзиниот сопруга реагирал кога дознал за одземањето на капитенската лента. Таа откри и дека разговарала со Масимо Морати.

„Одлуката за одземање на капитенската лента беше изненадување. Мене не ми беше ништо кажано дознав како и јавност, од објавата на Твитер. Претходно разговарав со раковдството, но никој ништо не ми кажа. Читам коментари дека капитенскта лента нема големо значење, но за Мауро тоа е како да останал без една нога. Тој е многу горд што игра за овој клуб и секогаш кога требало да избира помеѓу пари и Интер го избирал Интер“.

„Имав разговор и со Морати кој беше навистина љубезен. Мауро беше бесен и разочаран се чуствуваше ужасно. Побарав помош од Морати за целата ситуација. Нашата намера не е Икарди да си замине“, зборуваше Ванда во солзи помеѓу другото во гостувањето во италијанската емисија „Тики-Така“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…