Помеѓу Интер и Јувентус владее огромно ривалство кое прерасна и во омраза после скандалот „Калчополи“ во 2006 година.
Сепак, таквата ситуација не ги спречило двата клуба да постигнат договор ова лето, барем така тврди Ванда Нара.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ванда која е сопруга и агент на Мауро Икарди гостувајќи во една италијанска емисија откри дека Интер се согласил да го продаде Икарди на Јувентус, но дека во одреден момент од Торино го стопирале трансферот.
„Интер практично го продаде Икарди на Јувентус, се согласија да го испратат во Торино. Навистина Мауро скоро и да беше заминат, од Јувентус за да не убедат ме известија дека нивниот напаѓачки тандем ќе биде Икарди – Роналдо кој на крајот и навистина потпиша за Јувентус“, изјави Ванда.
Потоа таа додаде и дека нејзиниот сопруг не е блиску до потпишување нов договор со Интер и дека „нероаѕурите“ се уште ништо не му понудиле.
Сепак, изјавата на Ванда треба да се земе и со доза на резерва затоа што не е реткост менаџерите на разни начини да се обидуваат да издејствуваат подобар договор за својот клиент.