Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи..
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари (Рапид 0:1 и Сампдорија 2:1). Меѓутоа проблемите во клубот и понатаму изгледа нема да бидат решени и се наведува на тоа дека Икарди ја минува последната сезона во Милано.
Сопругата која е агент на Икарди, Ванда многумина ја сметаат за извор на сите проблеми, а сега таа зборуваше во медиумите и откри како нејзиниот сопруга реагирал кога дознал за одземањето на капитенската лента. Таа откри и дека разговарала со Масимо Морати.
„Одлуката за одземање на капитенската лента беше изненадување. Мене не ми беше ништо кажано дознав како и јавност, од објавата на Твитер. Претходно разговарав со раковдството, но никој ништо не ми кажа. Читам коментари дека капитенскта лента нема големо значење, но за Мауро тоа е како да останал без една нога. Тој е многу горд што игра за овој клуб и секогаш кога требало да избира помеѓу пари и Интер го избирал Интер“.
„Имав разговор и со Морати кој беше навистина љубезен. Мауро беше бесен и разочаран се чуствуваше ужасно. Побарав помош од Морати за целата ситуација. Нашата намера не е Икарди да си замине“, зборуваше Ванда во гостувањето во италијанската емисија „Тики-Така“.