Дома Фудбал Италија Ванда Нара низ солзи зборуваше за ситуацијата и иднината на Икарди во Интер (ВИДЕО)

Ванда Нара низ солзи зборуваше за ситуацијата и иднината на Икарди во Интер (ВИДЕО)

Сопругата и агент на Мауро Икарди се расплака додека гостуваше во една ТВ емисија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако ја прашаа за конфликтот со сестрата на Мауро Икарди, Ванда беше многу емотивна и заплака.

Низ солзи 32 годината Ванда кажа дека нејзиниот сопруг ќе остане во Интер и наредната сезона, иако многу се шпекулираше за иднината на Икарди во изминатите недели.

„Се уште постигнува голови. Тој продолжува да напредува бидејќи е најдобар во своето семејство. Сега е помирен. Секогаш имал добар однос со сите во клубот. Сигурно ќе остане во Италија и идната година“, изјави Ванда.

Таа го коментираше и спорниот конфликт со сестрата на Икарди.

„Не сум вештерка. Секогаш сме си помагале во семејството. Ивана дојде пред неколку месеци во мојот дом и и ја отворивме вратата на неа и нејзиното момче кој исто така е фудбалер. Ивана не е искрена. Мауро е голем човек, тој не само што помага на семејството, туку помага и на луѓето кои не ги познаваме“, зборуваше сопругата на фудбалерот.

„И подари автомобил за да и помогне, а таа зборуваше лошо за својот брат“, заклучи Ванда.

Икарди постигна 16 голови на 32 натпревари во сите натпреварувања за Интер оваа сезона се поврзуваше со Реал Мадрид, а во претходните недели Ванда заедно со него беше во судир со управата на Интер, но и навивачите на клубот.

https://www.youtube.com/watch?v=VXiYviPExrs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…