Дома Фудбал Ванда како едвај да чекаше да се огласи – го обвини Спалети!

Ванда како едвај да чекаше да се огласи – го обвини Спалети!

icardi vanda

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди повторно се наоѓа во центарот на вниманието откако не конкурираше за натпреварот помеѓу Интер и Лацио иако започна со тренинзи.

Икарди во претходните денови започна да тренира со екипата, но во петокот како што кажа самиот Спалети нешто се случило на тренингот и стратегот на Интер одлучил Икарди и оваа средба да биде на трибините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулира дека тоа „нешто“ било одбивањето на Икарди да им се извини на соиграчите во соблекувалната.

„На некој начин изгледаше како во тимот да ни дошол нов играч. Не беше долго време со нас. Тренираше и моравме да го вклучуваме во режимот на тренинг. Вчера нешто се случи и морав да проценам и да донесам одлука. Ќе видиме како ќе биде за наредните натпревари“, гласеше изјавата на Спалети во саботата.

Интер вчера загуби со 0:1, а домаќините играа без вистински напаѓач затоа што надвор од тимот беше и Лаутаро Мартинез кој е повреден. Меѓутоа и покрај тоа што Спалети немаше напаѓачи одлучи Икарди да не игра против Лацио.

Меѓутоа на одговор од Ванда не се чекаше долго, како и вообичаено сопругата на Икарди која многумина ја сметаат за виновник за се што се случува се огласи и го обвини Спалети.

„Мауро е спремен да игра и сега се е до тренерот. Мауро ништо не кажал за оваа ситуација и не ја знаеме неговата верзија. Приказната на Спалети можеби и не е точна. Мауро само чека да игра и тоа е се. Спремен е да игра и да помогне на тимот, но очигледно дека мора јавно да каже за тоа да се случи“, изјави Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…