Дома Фудбал Италија Ванда до Интер: Икарди ви фалеше против Јувентус

Ванда до Интер: Икарди ви фалеше против Јувентус

Јувентус во вчерашното дерби против Интер однесе победа од 1:2 и така ја прекина серијата на победи на „нероаѕурите“ и се искачи на врвот на Серија А.

Поразот од Јувентус беше прв за Интер оваа сезона во првенството. После дербито секако имаше реакции, а се огласи и сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ќе потсетиме Икарди после долгата сага во финишот од преодниот рок го напушти Интер и се пресели во ПСЖ каде што настапува како позајмен играч, но никој не очекува дека ќе се врати во Милано.

Ванда отворено порача дека Икарди му фали на Интер.

„Нормално дека го гледавме натпреварот помеѓу Интер и Јувентус. Во првото полувреме Интер можеше да направи повеќе“, изјави Ванда за „Тика-Така“, но и му испратила порака на аналитичарот кој е поддржувач на Интер, Фабрицио Биасин.

„Икарди ви фалеше. Се забележа тоа во првенството и во Лигата на шампионите. Против Јувентус Мауро има постигнато осум гола на 11 натпревари“, порачала сопругата на поранешниот капитен на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…