Дома Фудбал Англија Ванг Гал сигурен: Ливерпул ќе биде шампион во Англија!

Ванг Гал сигурен: Ливерпул ќе биде шампион во Англија!

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал, верува дека Ливерпул оваа сезона сигурно ќе биде шампион во Премиер лигата.

Ван Гал, кој во мај 2016 беше разрешен од позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед и тоа по освојувањето на ФА купот, верува дека „црвените“ се најсилни оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако би требало да ги ставам моите пари на кој тим ќе ја освои лигата, тоа би било Ливерпул“, изјави Ван Гал.

„Ливерпул има огромен квалитет. Факт е дека Сити има подобри фудбалери, но во исто време тоа е слабост за тимот на Гвардиола. Тие играат напаѓачки фудбал, но кога се бранат изгледаат ужасно. Ливерпул е тим, кој е во состојба подобро да се брани“, додаде холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…