Дома Фудбал Репрезентации Валенсија му одговори на Мбапе и не потцени: Во Европа играте со репрезентации како Македонија!

Валенсија му одговори на Мбапе и не потцени: Во Европа играте со репрезентации како Македонија!

Килијан Мбапе предизвика силни реакции со својата изјава дека јужноамериканските репрезентации во квалификациите играат со послави селекции.

Последен кој реплицираше на оваа негова изјава беше поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и некогашен репрезентативец на Еквадор, Антонио Валенсија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валенсија со потценувачки тон во одговорот на Мбапе ја спомена и македонската репрезентација.

„Во Европа Франција може да игра со Македонија…Играат со земји кои не се компетитивни. Затоа европските квалификации не се ништо блиску со Јужна Америка…Сум играл во Баранкиља на 42-45 степени, а од Перу со патувал директно во Лап Паз. Мбапе зборува така веројатно затоа што не е свесен колку е тешко да се игра тука“, изјави Валенсија.

Интересно е што Валенсија ја искористи Македонија како пример, а ние во последниот период игравме на Европско првенство, ги победивме Италија и Германија, ја намачивме Португалија во финалниот бараж натпревар за СП…

Целосната изјава на Валенсија можете да ја видите – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…