Жоао Кансело моментално настапува во Интер како позајмен фудбалер од Валенсија, а „нероаѕурите“ имаат можност да ја активираат клаузулата за откуп до 30-ти мај.
Проблем за Интер е што за откуп треба да искешира 35 милиони евра, а поради проблеми со Финансискиот фер-плеј миланскиот клуб не може да ги плати тие пари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа Интер бараше од Валенсија најпрво да ја намали цената, а потоа и да го продолжи рокот за откуп до 30-ти јуни.
Меѓутоа Валенсија не сака ни да слушне за такво нешто, бидејќи има многу повисоки понуди за португалскиот репрезентативец.
Наводно Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Кансело и се спремни да понудат 50 милииони евра за неговиот потпис.
Споменатите клубови чекаат расплет на целата ситуација, бидејќи Интер има предност и може да го откупи Кансело до 30-ти мај за 35 милиони евра.
Сепак, доколку „нероаѕурите“ не обезбедат пласман во Лигата на шампиони, тешко е да се поверува дека ќе го откупат Португалецот.