Вчерашниот ждреб во Нион во осмина финалето на ЛШ, помеѓу останатите, ги спари Барселона и Лион, а Каталонците очигледно се задоволни од противникот кој го добија.
Барселона така го избегна Ливерпул, а тренерот на екипата од Камп Ноу не можеше да не биде среќен поради тоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Барса нема да има лесна задача против Лион, младата екипа која игра атомски фудбал и која во групната фаза против Манчестер Сити покажа дека може да се носи и со најголемите.
„Задоволни сме со ждребот. Сакавме да го избегнеме Ливерпул, актуелниот вицепрвак на Европа.“ – порача Валверде и додаде:
„Со Лион нема да биде лесно, бидејќи тоа е екипа која има доволно квалитети да се натпреварува за првото место во група со Манчестер Сити.“