Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде никогаш немал вакви проблеми, шанса ќе им даде на играчи од Барса Б

Валверде никогаш немал вакви проблеми, шанса ќе им даде на играчи од Барса Б

Фудбалерите на Барселона утре во гости играат против ПСВ, натпревар во петото коло од групната фаза во ЛШ.

Каталонскиот клуб веќе го осигура своето место во следната фаза, но сигурно е дека во Ајнховен патуваат по уште една победа. Ернесто Валверде по натпреварот против Атлетико се најде во огромни проблеми откако неколку важни играчи се надвор од тимот поради повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дербито во Мадрид беше кобно за Рафиња и Серхи Роберто, а вчера беше соопштено дека против ПСВ нема да игра ниту Луис Суарез поради повреда на десното колено.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголеми проблеми тренерот на Барса има на десната бековска позиција, каде може да смета само на Нелсон Самедо. Наводно, многу лесно може да се случи утре за првиот тим да дебитира младиот Муса Ваге кој настапува за Б екипата на Барселона.

Овој 20-годишен Сенегалец се најде на списокот за овој натпревар, а Мундо Депортиво пренесува да не е невозможно натпреварот да го започне од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…