Дома Фудбал Валверде не размислува за оставка: Гледам само напред!

Валверде не размислува за оставка: Гледам само напред!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изрази разочарување од поразот на неговиот тим на гостувањето кај Леванте (3:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е трет пораз на Барселона од почетокот на сезоната, а Валверде е лут на своите играчи кои допуштија два гола за две минути.

„Да се ​​примат два гола за две минути е многу болно. Со резултат 2:1 бевме уште во игра, ни требаше само еден гол за реми. Но резултатот 3:1 не сруши. Посебно по поништениот гол на Меси“, изјави Валверде.

„Имаме одредени проблеми на гостински натпревари. Дома играме добро, но на гости играме така што мора да се мачиме. Во првото полувреме, повеќе или помалку го контролиравме натпреварот. Не размислувам за оставка, само гледам напред“, додаде Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…