Дома Фудбал Валверде: На Барселона не влијае кризата во Каталонија, барем не засега

Валверде: На Барселона не влијае кризата во Каталонија, барем не засега

„Гледаме што се случува, но сконцентрирани сме на нашата задача, а тоа е да победуваме во натпреварите и да ги правиме радосни нашите навивачи“, истакна Валверде.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонските лидери изминатата недела прогласија независност, по референдумот кој предизвика длабока политичка криза во земјата.

Парламентот на Каталонија изминатиот петок со гласови 70 од 135 прогласи независност на тој регион од Шпанија.

Набрзо потоа, Сенатот-горниот дом на шпанскиот парламент, одобри воведување на принудна управа во Каталонија, а шпанскиот премиер Маријано Рахој ја промени каталонската валда и распиша избори за парламентот на Каталонија.

Барселона, која е една од најгласните заговорници на независноста на Каталонија, во среда од 20:45 во Атина ќе игра против Олимпијакос, во натпреварот од четвртото коло од групата Д во Лигата на шампионите.

Валверде во Пиреј убаво беше дочекан од навивачите на Олимпијакос, неговиот некогашен клуб. Тој истакна дека утрешниот за него, ќе биде „посебен“ натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…