Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде покажа сериозни амбции после победата над Интер во Милано и тоа со комбиниран состав.
Каталонците победија со 2:1, иако овој меч за нив немаше резултатско значење, а после мечот Валверде истакна дека главната цел на Барселона е триумф во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Игравме за победа. Некои од играчите за прв пат играа на вакво ниво и покажаа дека се конкурентни за овој турнир. Фати е роден голгетер, тој имаше болки пред мечот, но сакаме да игра. Се радуваме што стана најмлад голгетер во Лигата на шампиони. Чувствуваме дека сме должни да го освоиме ова натпреварување. Секој меч излегуваме за победа и така ќе биде до самиот крај“, истакна Валверде.