Дома Топ вести Валверде „гази“, но во Барселона има и незадоволни?!

Валверде „гази“, но во Барселона има и незадоволни?!

Барселона на стартот од сезоната забележува одлични резултати и веќе има осум бодови предност пред најголемиот ривал, Реал Мадрид, сепак во Каталонија не се импресионирани…

Во прашање е стилот на игра кој го практикува Ернесто Валверде, иако ветуваше дека нема да менува многу од она на што тимот е навикнат. Барса игра тврдо, јасно зошто инсистираше на доведување на Паулињо, а шпанските медиуми шпекулираат дека повредата на Дембеле ја користи само како изговор и дека и кога Французинот ќе се опорави, тој нема да отстапи од овој стил на игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што тоа конкретно значи?

Гилијем Балаг тврди дека проблемот на Суарез во овој момент не е коленото туку, како што се шпекулира стилот на игра. Едноставно со ваква постава Меси е тој кој е во средината, додека Луис Суарез мора да се извлекува на страничните позиции  и дека таму добива многу помалку топки со кој може да го загрози протиничкиот гол.

Валверде при пристигнувањето најави формација 4-3-3, но тој е традиционалист. Додека беше тренер на Билбао овој клуб знаеше да игра атрактивно, но и многу тврдо во некои сезони и дека практично се потпира на силниот тркачки среден ред.

„Дон Балон“ шпекулира дека некои фудбалери на Барселона откриле дека се чустуваат како да ги тренира Жозе Мурињо. Сепак тоа веројатно е само обид на весникот кој е наклонет на гигантот од Мадрид да внесе нестабилност во редовите на Каталонците, бидејќи навистина е тешко да се поверува дека некој фудбалер на Барселона може да изјави такво нешто по ваков старт.

Навистина, Барса не изгледаше убедливо, посебно во Баскија против поранешниот клуб на Валверде, но сеедно кога Барса победува, а Реал е далеку зад нив кој е тој кој може нешто да му замери?

Сепак, се провлекуваат и коментари дека Барса победува само поради неверојатната форма на Лионел Меси и дека кога Меси ќе забележи пад во формата ќе застане и Барса, а Валверде ќе остане без решение, но тоа да оставиме времето да покаже…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…