Дома Топ вести Валверде во конфликт со Меси!? – Сите знаеме како тоа се завршува!

Валверде во конфликт со Меси!? – Сите знаеме како тоа се завршува!

Ернесто Валверде не е прв, а веројатно ниту последен тренер кој дошол во конфликт со Лионел Меси, но познато е како тоа завршува…

Меси има огромно влијание во клубот и јасно е дека неговиот збор има огромно знчање во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во текот на летото Меси не беше задоволен од засилувањата кои пристигнаа во Барселона, а исто така сметаше дека Андре Гомеш и Пако Алкасер мора да го напуштат клубот.

Сега проблем настана околу изборот на Луис Суарез.

Уругваецот не е во форма, никој не може да го препознае, а Валверде смета дека проблемот е вишокот килограми и наводно имал намера да го префрли на клупата, барем неколку натпревари, но Меси се спротиставил.

Според шпанските медиуми конфликтот настанал пред натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг, на крајот Суарез беше стартер на овој натпревар, а во финишот беше заменет од Видал, а тоа го налути Уруваецот.

Валверде сметаше дека е смешно што се лути и сакаше да го затвори натпреварот во кој Барса играше лошо и победи минимално и тоа со автогол на Португалците.

Меси има две причини поради кои смета дека Суарез не смее да биде отстранет од тимот. Првата е што тоа би ја „убило“ самодовербата кај Уругваецот, а втората е што нема адекватна замена. Имено, Аргентинецот смета дека Пако Алкасер кој веќе добиваше прилика не е ниту блиску до квалитетите на неговиот омилен соиграч.

Главната ѕвезда на Барселона верува дека Валверде мора да го почека Суарез, пред да ризикува, бидејќи, Барселона без оглед на лошата форма на „Ел Пистолеро“ забележува одлични резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…