Дома Фудбал Валверде без текст: Меси е неверојатен

Валверде без текст: Меси е неверојатен

Барселона на најдобар можен начин го отвори новото издание на ЛШ. Каталонците на Камп Ноу славеа против ПСВ со високи 4:0, а посебно блескаше Меси кој три пати ја затресе мрежата на противникот.

Одличната представа на Барселона и фантастичниот настап на аргентинскиот фудбалер го направија среќен и тренерот Валверде, кој по натпреварот не го криеше задоволството.

„Меси е неверојатен и нештата кои ги работи изгледаат како рутина. Играчите ги поправија грешките од натпреварот против Сосиедат и затоа сум среќен.“ – изјави Валверде.

Освен Меси, против ПСВ во листата на стрелци се запиша и Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…