Дома Фудбал Италија Ваков старт на сезоната Милан немал 67 години, Пиоли горд на своите момци

Ваков старт на сезоната Милан немал 67 години, Пиоли горд на своите момци

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли може да биде горд на она што го направија неговите играчи во првите 10 кола во новата сезона во Серија А и повторија успех од далечната 1954 година.

Имено, Милан за првпат после 67 години успеа да има девет победи во првите 10 кола во Серија А. „Росонерите“ не знаат за пораз, само еднаш одиграа реми. Вчера победен беше Торино со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стефано Пиоли секако беше задоволен од освоените бодови.

„Одигравме четири натпревари во 10 дена и немавме многу опции за ротација против Торино. Торино е еден квалитетен тим против кој не е лесно да играте, но ние ја исконтролиравме добро ситуацијата. Остваривме голем резултат, горд сум што гледам великодушност и глад во овој тим. За викендот не чека дербито со Рома и тоа ќе биде тежок натпревар, имаат навистина добри опции во нападот“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…