Целиот спорт дефинитивно очекуваше повеќе од изјавата на Маурицио Сари за скандалозното добивање на Кепа Аризабалага да го напушти теренот.
За „Скај Спорт“ веднаш после натпреварот Сари кратко порача: Тоа беше недоразбирање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот на Челзи се појави и на прес-конференцијата.
„Мислев дека Кепа не е спремен за пенали. Сакав Кабаљеро да влезе на терен бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Но, докторот ми објасни дека не се работи за грчеви“.
„Морам да разговарам со него и тој мора да разбере дека поради ваквите сцени ќе имаме проблем во медиумите. Беше тоа големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин тоа го покажа“.
Освен за Кепа тренерот на Челзи зборуваше и за останатите работи поврзани за натпреварот.
„Да, се спремавме за можни пенали. Но, се е поинаку на натпреварите“.
За тактиката:
„Одлучивме да не правиме висок пресинг. Не одигравме лош натпревар и според мене на најдобриот тим во Европа не му дозволивме да создава шанси“.
Зошто побрза во тунелот?
„Морав да се вратам за да бидам туја. Тој (Кепа) разбра дека сакаше да го заменам поради тоа што мислев дека не може да продолжи. Но, тој ми кажа дека нема физички проблеми“.
Проговори и за својата иднина.
„Не знам навистина. Треба да земете телефон и да ги прашате луѓето во клубот. Денес сум среќен затоа што напредуваме. Задоволен сум од нашата игра“, заврши Сари.
Live scenes of Chelsea goal keeper Kepa Arrizabalaga and Sarri. Man wants to finish the match?.#CHEMCI pic.twitter.com/vojAennPdc
— Chemical Boy ✌️ (@Chemicalboyy) February 24, 2019