Дома Фудбал Останато Вакво нешто не се гледа често: Напаѓачот на ПСВ постигна пет гола во еден натпревар (ВИДЕО)

Вакво нешто не се гледа често: Напаѓачот на ПСВ постигна пет гола во еден натпревар (ВИДЕО)

ПСВ вчера запиша убедлива победа над Витесе со 5:0 и така го задржа чекорот зад водечкиот Ајакс во холандската лига, а сите пет голови на овој натпревар ги постигна 20 годишниот Донјел Мален.

Напаѓачот кој израсна во академијата на Ајакс го постигна првиот гол во 18-тата минута минута. Во 36-тата постигна гол после едно нафрлување, а на почетокото на второто полувреме повторно со глава стрелаше за 3:0. До крајот уште едва пати беше прецизен од белата точка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мален така стана само третиот играч на ПСВ кој во еден натпревар постигнал пет голови, но прв после повеќе од половина век. Пред него тоа го направија Коен Дилен во 1959 година и Берт Теунисен во 1945 година.

Иако сме на почеток од сезоната Мален уште сега има девет голови во сите натпреварувања за ПСЖ, шест постигна во првенството.

Минатата недела дебитираше за сениорската репрезентацја за Холандија и на дебито постигна гол против Германија, четири дена подоцна против Естонија за прв пат беше стартер.

Мален растеше во академијата на Ајакс од каде што на 16 години замина во Арсенал и играше одлично во младинските категории на лондоскиот клуб, но „топџиите“ две години подоцна го продадоа на ПСВ бидејќи за него немаше место во првиот тим. Арсенал му нудеше нов договор, но Мален сакаше гаранција за минутажа.

Во минатата сезона постигна 10 голови, а вчера за само 90 минути оствари половина од тој учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неочекувани проблеми за Баерн. Новиот тренер мора да го купат за 15 милиони евра

Австрискиот тренер Ралф Рангник (65) е главен кандидат за преземање на Баерн. Томас Тухел …