Дома Фудбал Вакво нешто „кралот“ не памети: Ова е доказ колку Реал беше лош против Сити

Вакво нешто „кралот“ не памети: Ова е доказ колку Реал беше лош против Сити

Манчестер Сити и полесно од очекувањата вчера го совлада Реал Мадрид со 4:0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Блескаше Бернардо Силва кој постигна два гола во првото полувреме и беше прогласен за играч на мечот, по еден постигнаа Јулијан Алварез и Едер Милитао. Гигантот од Мадрид одигра катастрофален натпревар, а доказ за тоа се првите петаесет минути од натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тој период Реал Мадрид комплетирал само 13 додавања, додека фудбалерите на Сити имале 124. „Граѓаните“ со вкупни 5:1 се изборија за финале каде што ќе играат против Интер кој во полуфиналето го елиминираше градскиот ривал, Милан.

Финалето се игра на 10-ти мај во Истанбул на стадионот „Ататурк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…