Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезоната во која имаше фантастични резултати. Со Скудето е поврзан и уште еден куриозитет за италијанското првенство.
Имено, тренерот Инзаги е шести различен тренер кој го освоил Скудетото во последните шест години. Вакво нешто се случува за првпат по периодот од 1967 до 1972 година кога само Јувентус освои две титули.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во псоледните шест години во Серија А, Јувентус освои две Скудета, Интер триумфираше исто така двапати и по еднаш Милан и Наполи. Тренерите кои ги освојуваа титулите се: Масимилијано Алегри, Маурицио Сари, Антонио Конте, Стефано Пиоли, Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.