Аланијаспор го совлада Трабзонспор со 3:1 во натпреварот од 28. коло на турската Суперлига, а натпреварот го одбележа сцената од 38. минута кога беше виден еден од најбизарните голови во последните години.
Огуз Ајдин ни крив ни должен постигна гол во 38. минута на натпреварот помеѓу Анталијаспор и Трабзонспор и му донесе предност на својот тим од 2:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голема грешка направија голманот Угурџан Чакир и дефанзивецот Стефано Денсвил. Голманот на Трабзонспор му ја додаде топката на стоперот кој беше невнимателен и не виде дека топката е веќе изиграна кон него.
Огуз Ајдин го искористи тоа максимално и ја испрати топката во празната мрежа за предност на неговиот тим од 2:0.
👀 Corendon Alanyaspor – Trabzonspor maçında ilginç gol! #ALYvTS pic.twitter.com/AUiFwdS4rh
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) March 4, 2024