Мартин Зубименди е пример за лојалност и верност, фудбалер какви што нема многу во денешниот фудбал.
Баскиецот ужива во Реал Сосиедад и не сака да замине ниту за Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Верувале или не, Зубименди досега одби дури четири европски гиганти – Барселона, Арсенал, Баерн Минхен и Ливерпул, а сега е подготвен да му каже „не“ на Манчестер Сити.
„Секогаш има гласини, но сепак верувам дека најдобра опција за мене е да останам во Реал Сосиедад. Сè уште му должам на овој клуб толку многу и сакам да се развивам и да напредувам тука“, изјави Зубименди.
Да биде се уште поневеројатно, тој веќе не е толку млад, има 25 години, а во февруари ќе наполни 26 години.