Во вчерашниот прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ го победи Јувентус со 2:0 и така стекна солидна предност пред реваншот во Торино.
Натпреварот во Торино изобилуваше со возбудувања посебно во финишот кога Атлетико ги постигна двата погодоци. Пред водечкиот гол на Хименез на „јорганџиите“ ВАР им поништи и погодок на Алваро Мората поради прекршок во напад.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа кога Хименез погоди следуваше интересна ситуација и на клупата на Атлетико каде што Диего Симеоне направи неспортски гест за кој после натпреварот објаснуваше дека не бил навреда кон противникот, туку порака до неговите навивачи (тука).
„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи“, изјави Симеоне.
Подоцна Диего Годин се погрижи Атлетико да обезбеди 2:0 пред реваншот.
https://www.youtube.com/watch?v=IwKSR-UvEDk
Меѓутоа една чудна ситуација и ситуација каква што барем ние досега не сме виделе се случи пред самиот почеток на натпреварот додека се интонираше химната на Лигата на шампионите.
Додека сите играчи стоеа мирно како и што е вообичаеноизгледаше како да не сака да ја слуша химната и многу веројатно на овој начин сакаше да искаже бојкот кон УЕФА.
Некое објаснување засега нема, но се очекува УЕФА да започне истрага и доколку претпоставките за бојкот се потврдат Гризман би можел да биде и казнет.