Поранешниот бразилски репрезентативец Вагнер Лав на 37 години потпиша договор со вицешампионот на Данска, Мјитиланд.
Договорот е потпишан до крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мјитланд првиот дел од сезоната го заврши на првата позиција со два бода предност во однос на Копехнаген, а пет од актуелниот шампион Брондби.
Вагнер Лав во Данска пристигнува од Казахстан од екипата на Каират. Ова е негов 14-трансфер во богатите кариера. Помеѓу останатите го носеше дресот на Палмеирас, ЦСКА Москва, Фламенго, Монако, Бешикташ…
Дресот на репрезентацијата на Бразил го носеше на 20 натпревари и постигна четири гола.
❤️🇧🇷#VagnerLoveinMidtjylland pic.twitter.com/PVaCwPjn85
— FC Midtjylland (@fcmidtjylland) January 20, 2022