Дома Фудбал Останато Буфон со емотивна порака: Тоа мало девојче треба да знае дека нејзиниот татко беше вистински добар човек

Буфон со емотивна порака: Тоа мало девојче треба да знае дека нејзиниот татко беше вистински добар човек

Италијанските весници ќе бидат преполни со емотивни текстови за Давиде Астори.

Секаде ќе читате, не од чиста љубоптиност, само компименти. Капитенот на Фиорентина остави трага зад себе. И на фудбалски, и на човечки план. И изгледа дека нема подобар доказ од емотивнито збогување на Џанлуиџи Буфон, тимскиот колега на Астори од италијанската репрезентација. Да не должиме, се ќе ви биде јасно:


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Здраво, драг Асто. Ретко јавно го изразувам моето мислење за некоја особа, затоа што секогаш дозволуваме убавина и на единствената природа на емпатијата, заемната почит и внимание, се со цел да се избегне злопотребата на оние кои немаат пристојност да ги почитуваат одредените врски. Во овој случај, чувствувам дека треба да направам исклучок, бидејќи имаш млада сопруга и семејствое кое пати, пред се мало девојче, кое заслужува да знае дека нејзиниот татко во секој погелд беше ДОБАР ЧОВЕК… ВИСТИНСКИ ДОБАР ЧОВЕК“, напиша Џиџи.

„Беше најдобар показател за старомодниот свет, оној кој луѓето го напуштаа, оној со вредностите како алтуризам, елеганција, љубезност и почит кон другите. Ти се восхитувам, беше еден од најдобрите спортиски кои сум ги сретнал. Почивај во мир. Твојот луд Џиџи“.

Астори почина на 31-годишна ворзаст, две недели откако стана татко. Слава му.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…