Легендарниот голман на Јувентис, Џанлуиџи Буфон неодамна изјави дека ова ќе биде последната сезона во неговата кариера, но италијанските медиуми најавуваат дека би можел да брани уште една сезона.
Буфон порано изјави дека одлуката може да ја промени само во случај Јувентус да ја освои Лигата на шампиони, па да настапува на Светското клупско првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Џиџи имал средба со спортскиот директор на „старата дама“ Бепе Марота и му рекол дека сака да одигра уште една сезона, доколку клубот исто така има желба да му го продолжи договорот и смета дека ќе биде важен за тимот.
Џанлуиџи Буфон во 2001 година стана најскапиот голман на сите времиња кога од Парма премина во Јувентус за 53 милиони евра, а во јануари ќе наполни 40 години.