Дома Фудбал Италија Буфон и Алегри од свој џеб платиле авион за да стигнат на погребот од Астори

Буфон и Алегри од свој џеб платиле авион за да стигнат на погребот од Астори

Пред десетина дена се случи една од најголемите трагедии во италијанскиот фудбал, кога во сон почина 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На неговиот погреб во Фиренца присуствуваа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и делегацијата на Јувентус, предводена од Џанлуиџи Буфон и Масимилиано Алегри.

Иако Фиорентина и Јуве се во „војна“ веќе долги години, навивачите од Фиренца со аплауз ги поздравија „бјанконерите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Буфон силно посакувал да стигне на погребот на својот пријател, иако ноќта претходно играше против Тотенхем во Лондон.

Наводно, Буфон и Алегри од свој џеб платиле приватен авион до Фиренца за 12 луѓе и утрото во 4:30 летнале од Лондон за да стигнат на погребот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…