Џанлуиџи Донарума направи грешка против Реал Мадрид и така го најави враќање на „кралевите“. Голманот на ПСЖ имаше едно непотребно одолговлекување па Бензема му ја одзема топката.
Италијанскиот чувар на мрежата доби многу критики во јавноста и од добар дел од медиумите, а таа ситуација ја коментираше Џанлуџи Буфон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ваквиот тип на грешки значат многу во кариерите, служат како школа. Ова е дел од растот на еден фудбалер и сигурен сум дека Донарума нема да има проблеми во иднина. Тој е ментално силен за ова да има поголемо негативно влијание врз него, во овој момент е во топ три голмани со Куртоа и Ноер“.
„Вакви прекршоци во Европа никогаш не се судат, во Италија можеби ќе го свирнеа со ВАР. Како голман и јас ќе бев бесен затоа што Бензема го измести, но ако се досудеше фаул ќе имаше револт кај Реал. Во такви ситуации треба добро да размислувате. Донарума можеби ќе добиеше прекршок ако останеше да лежи после ударот вака беше искрен брзо стана и му даде до знаење на судијата дека немало доволен контакт“, изјави Буфон.