Екипата на Работнички во рамките од 22. коло во ПМФЛ ќе се сретне со актуелниот шампион Шкендија.
Во македонскиот шампионат продолжуваат возбудувањата откако средбите беа одложени пред три дена поради снежните врнежи. Атмосферата во редовите на Работнички е добра после победата над Скопје од 0:1 во минатото коло. Голманот Бурхан Мустафа очекува ново добро издание на тимот од Дебар Маало.,
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Шкендија е актуелен шампион и еден од најдобрите тимови во Првата македонска лига, секако дека ги респектираме. Но, исто така веруваме во нашите квалитети и доколку одиграме на потребното ниво верувам дека можеме да оствариме успех“, изјави Бурхан Мустафа.
Натпреварот помеѓу Работнички и Шкендија се игра од 14:00 часот на арената „Тодор Просеки“.
Фото: ФК Работнички