Тотенхем во три дена премина од слава во очај. Големата победа над Манчестер Сити беше анулирана од срамниот пораз против Барнли.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа го натера темпераментниот Антонио Конте јавно да го искаже своето незадоволство во клубот и најави дека ќе разговара со раководството.
Поради тоа претседателот Даниел Леви повика итен состанок со италијанскиот стратег, на кој ќе се разгледува иднината на Конте во клубот.
Тотенхем е поразен во четири од последните пет лигашки натпревари, поради што италијанскиот стручњак се запраша дали тој е вистинскиот човек за работата, бидејќи не успеал да донесе напредок после неговото доаѓање.
Наводно Конте е спремен да поднесе оставка, а Даниел Леви ќе се обиде да спречи таква разврска.
Италијанецот ќе бара гаранции и поддршка од раководството, а медиумите тврдат дека постои сериозна можност двете страни да се разделат.