Интер вчера го освои Купот на Италија откако ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето, но овој натпревар беше обележан и со конфликтот на Симоне Инзаги во 58-та минута.
Инзаги во тој момент го извади Џеко од игра поради што репрезентативецот на Босна и Херцеговина беше бесен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џеко одби да се поздрави со тренерот, а потоа жестоко се расправаа на клупата. Италијанските медиуми пренесуваат дека поради ваквото однесување Џеко би можел да го изгуби стартното место во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Џеко сезонава постигна 14 голови за Интер, а доколку конфликтот е поголем ова може да значи и негово заминување од Интер затоа што договорот му истекува на крајот на јуни.
💥 Fiorentina-Inter, #Dzeko contesta la sostituzione: scontro con #Inzaghi https://t.co/SsOUtIFQFX
— Corriere dello Sport (@CorSport) May 24, 2023