Жозе Мурињо бил бесен поради поразот во дербито со Галатасарај за викендот.
Португалецот беше поразен во своето прво големо дерби на клупата на Фенербахче, а посебно бил разочаран и бесен од играта која ја прикажале неговите фудбалери на теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Турските медиуми денеска пишуваат дека Мурињо им одржал лекција на фудбалерите уште веднаш по поразот во соблекувалната.
„Мурињо го собра тимот и ја заклучи соблекувалната. Пред големиот екран им ги објаснуваше грешките на фудбалерите, а потоа кажа: Дојдов тука да бидам шампион. Ако повторно видам ваков натпревар, ќе го напуштам клубот“, објави новинарот Серчан Хамзаоглу.
Фенербахче го доведе Мурињо со цел да се прекине постот од десет години без титула во турското првенство, но истовремено и Галатасарај доведе сериозни засилувања во своите редови.