Eкипата на Барселона славеше победа во натпреварот против Лас Палмас со 1:0, но и понатаму заостанувањето зад Реал Мадрид е осум бода.
Најголема шанса колку-толку да се врати во битка за титулата, Барселона ќе има во „Ел Класико“ кое се игра за две кола. Пред тој натпревар каталонскиот гигант ќе му гостува на Кадиз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради таквата ситуација Роберт Левандовски и Жоао Кансело одлучија да се „исчистат“ од жолти картони и да не бидат под закани дека може да го пропушат натпреварот против големиот ривал.
Двајцата против Лас Палмас добија очигледни намерни јавни опомени со цел да бидат суспендирани со Кадиз и сигурно да бидат на располагање за натпреварот со Реал.
Левандовски доби жолт картон така што одолговлекуваше при замената во 81. минута, додека Кансело во 88. минута направи прилично остар старт. Двајцата нема да имаат право за настап против Кадиз.
Суспензијата дојде затоа што тоа за нив беше петта таква јавна опомена во сезоната.
На оваа тема пишуваше „Марка“ тврдејќи дека двајцата треба да бидат суспендирани за натпреварот со Реал.
„Ако се водиме по правилата на Шпанскиот фудбалски сојуз, Левандовски и Кансело мора да бидат суспендирани два натпревари со што би го пропуштиле „Ел Класико“. Очигледно беше дека намерно добија жолти картони за да го пропуштат следниот натпревар“, објави „Марка“.