Дома Фудбал Англија Бурнемут – Манчестер Јунајтед: Ќе продолжи ли серијата гостински победи на „црвените ѓаволи“

Бурнемут – Манчестер Јунајтед: Ќе продолжи ли серијата гостински победи на „црвените ѓаволи“

Бурнемут е домаќин на Јунајтед во рамки на 11-то коло од англиската Премиер Лига. Манчестер Јунајтед влегува во добра форма и забележа три победи само за една недела и тоа сите на гостински терен. Бурнемут од друга страна играше одлично, но има голем пад во формата во последните две недели.

Супер недела за Јунајтед и Солскер

Со три победи во рок од една недела, сите на гостински терен, конечно можеме да кажеме дека Манчестер Јунајтед е во добра форма. Далеку се од она што го посакуваат навивачите на овој тим, но овие три победи можат да бидат пресврт за нив сезонава.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Минатиот викенд триумфираа со 1:3 во Норвич Сити, а тоа беше нивна прва победа сезонава на гостински терен. Со таа победа „црвените ѓаволи“ се придвижија до седмото место. Менаџерот Оле Гунар Солскер го посочи нивниот настап против Ливерпул во ремито 1:1 како урнек за тоа како треба да изгледа тимот на терен, а тоа како да ги мотивираше неговите фудбаери, па од тогаш се врзаа овие три победи во низа.

Јунајтед е се уште оддалечен многу од најдобрите, но минатонеделната победа на Кероу Роуд беше импресивна. Покрај победата од 1:3, мора да се напомене дека играчите на Манчестер промашија и два пенали, па според тоа победата можеше да биде уште поубедлива. Голем мотив за нив е и победата над Челзи во Лига Купот во текот на неделава и тоа на гости со 1:2. Она што е најинтересно е убедувањето на Солскер дека овие резултати од минатата недела се само почеток на нешто големо.

Офанзивата е главен проблем на Бурнемут на послендите натпревари

Бурнемут игра топло ладно сезонава, но имаат пад во формата во последно време. Кај нив ситуацијата е сосема спротивна од онаа во Јунајтед. Имаат ист број на бодови како Манчестер, но поради послабата гол разлика се на 9-то место на табелата. Беа погоре до пред две недели, но на последните четири средби имаат пораз и три ремија. Она што повеќе загрижува е нивната офанзивна линија. Тие беа одлично расположени за голови на стартот од сезоната, но на последните четири натпревари дадоа два гола, а немаат постигнато гол на три меча во серија.

Хаув неодамна изјави: „Обично не се бориме да постигнеме гол, туку се бориме за да не примиме“.

Ако се знае дека на последните два меча одиграа со идентични 0:0 против последните два тима на табелата Ватфорд и Норвич, тогаш јасно е зошто реков дека формата им оди во надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…