Шпанскиот портал „Диарио Гол“ лансираше вистинска „бомба“ и информира дека пет фудбалери на Барселона му се спротиставиле на капитенот на каталонскиот гигант Лионел Меси.
Марк- Андре Тер Штеген, Рики Пуиг, Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо јавно го информирале аргентинскиот интернационалец дека им смета тоа што тој се уште нема донесено конечна одлука околу тоа дали ќе остане во редовите на Барселона или ќе си замине на крајот од сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На споменатите фудбалери исто така им смета тоа што како капитен не комуницира со сите играчи, туку само со тие кои подолг период се дел од Барселона.
Меси, како што е познато, уште изминатово лето побара заминување од клубот, но на крај остана да го одработи договорот до крај.
„Како што кажав многу пати до сега, Меси е среќен тука. Тој е многу важен за нас и неговата креативност влијае на сите“, истакна Куман.