Вечерва нашиот шампион го одигра последниот натпревар од групната фаза против Будуќност на гости и забележа победа од 25-30 (12-15).
Девојките на Дибирова и Парондо водеа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до победата. Со оваа победа Вардар со девет победи од десет натпревари е првопласирана екипа во групата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најефикасни ракометарки кај ЖРК Вардар беа Пенезиќ со десет и Хмирова и Лакрабер со по пет гола, а во домашниот табор на Будуќност се истакна Милена Раичевиќ со десет гола. Суслина на голот на македонскиот претставник забележа 11 интервенции.
Европскиот вицешампион за противник во четвртфиналето ќе ја има екипата Митјиланд која претходно го победи Никобинг со 24-20 и заврши како четвртопласирана екипа.
Првиот натпревар се игра од 6-8 април во Скандинавија, а возвратниот дуел е од 13-15 април во Скопје.