Дома Фудбал Репрезентации Бугарскиот селектор со извинување на Англичаните: Ваквите работи мора да се закопаат

Бугарскиот селектор со извинување на Англичаните: Ваквите работи мора да се закопаат

Откако порача дека не слушнал расистички навреди на сметка на репрезентативците на Англија од домашните навивачи, селекторот на Бугарија, Красимир Балаков денеска се извини.

Англија во понеделникот славеше убедливо против Бугарија во квалификациите за Европското првенство, но мечот го одбележаа прекините за расистичкото дивеење на навивачите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


УЕФА реши да го обвини Фудбалскиот сојуз на Бугарија за расистичко однесување, а наводно поради споменатите обвинувања се уапсени и неколку лица.

„Ги осудувам сите начини на расизам како неприфатливо однесување, кое се спротиставува на нормалните односи меѓу луѓето. Мислам дека ваквите предрасуди мора да се закопаат во минатото и никој не смее да биде мета на истите. Тренирав многу бугарски тимови и имав фудбалери од различно потекло, но никогаш никој не ги судеше според бојата на кожата“, порача селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…