Бразилецот Нејмар минатото лето го потресе фудбалскиот свет при трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен, како причина најмногу се истакнуваше неговата желба да стигне до „Златната топка“.
На оваа тема зборуваше и бугарската фудбалска легенда која долги години го носеше дресот на Барселона, Христо Стоичков.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стоичков смета дека Нејмар направил трансфер во Париз со цел полесно да стигне до „Златната топка“.
„Весникот „Франс Фудбал“ е доделувачот на „Златната топка“, па поради тоа Нејмар потпиша за ПСЖ. Тој смета дека доколку игра во Париз многу полесно би му била доделена оваа награда“, изјави Стоичков во интервјуто за „Марка“.
Сепак, многу веројатно дека Нејмар и оваа година ќе остане без престижната награда со оглед на тоа што долго време е надвор од терените поради повреда.