Бугарскиот интернационалец Наско Милев е четвртото засилување оваа зима за Шкендија.
Милев потпиша договор на 1.5 година со опција истиот да биде продолжен ако двете страни се задоволни.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за фудбалер роден во Пловдив кој во Шкендија доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Панавежис од Литванија. Во кариерата играл за Ботев Пловдив, а потоа Славија Софија и Локомотив Софија.
„Чест ми е што ќе играм за Шкендија, ова е еден од најдобрите балкански клубови. Клубот има фантастични навивачи и традиција. Дојдов да помогнам во остварувањето на големите амбиции“, изјави Милев.