После вакво нешто сериозно можеме да се сомневаме дека некој од вработените во „Гугл“ е голем навивач на Манчестер Јунајтед.
Иако Манчестер Сити и оваа сезона е на добар пат да освои некои трофеи навивачите на Островот и понатаму се шегуваат на сметка на „граѓаните“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, многумина истакнуваат како посетата и пополнетоста на стадионот „Итихад“ е помала отколку кај останатите поголеми англиски стадиони и дека атмосферата наликува на театар.
И денес во Англија може да се слушне терминот „Еmptyhad“ (празен „Итихад“) со цел да се провоцираат навивачите на „граѓаните“. Сега нешто повеќе на оваа тема направи компанијата „Гугл“.
Светската компанија на својата апликација „Google maps“ подеси да кога го пребарувате терминот „epty seats“ (празни места) резултатот да ве носи токму на стадионот на Манчестер Сити.
Случајност или не ова е сериозна провокација за тимот на Сити.
Меѓутоа она што може да го радува овој клуб е што и понатаму се во игра за најважните трофеи оваа сезона. Во Премиер лигата после нерешениот резултат на Ливерпул против Евертон се лидери на табелата со еден бод повеќе, а блиску се и до пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите (во првиот натпревар од осминафиналето го победија Шалке со 3:2).