Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ги коментираше пријателските односи со својот сонародник Кристиано Роналдо.
„Секогаш кого зборувам со него тој се распрашува за тоа како стојат работите во Јунајтед. Сите знаат дека тој има специјален однос со клубот. Му се допаѓа Јунајтед, тука ја освои првата Златна топка“, изјави Фернандеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
25-годишниот Португалец смета дека донел правилна одлука кога потпишал за „црвените ѓаволи“.
„За мене е остварување на сонот што играм во Јунајтед, независно што зборуваат луѓето за клубот. Мене ми е местото тука, одлично се вклопив“, додаде Португалецот.
Бруно Фернандеш се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари за 46 милиони фунти од Спортинг и веднаш се наметна како клучен фудбалер во Јунајтед.