Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш: Можеме да ја освоиме титулата!

Бруно Фернандеш: Можеме да ја освоиме титулата!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш беше избран за „Играч на месец ноември“ во Премиер лигата.

Ова е трета ваква награда за Португалецот од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ во јануари. Минатиот месец Фернандеш постигна четири гола на 4 меча во првенството.

Фернандеш е првиот играч од 2017 година кој добива три месечни награди во рамките на една календарска година. Последно тоа му успеа на Хари Кејн.

„Тешко е да освоиш дури една ваква награда, па поради тоа јас сум исклучително горд што имам три. Ќе бидам среќен ако ја освоиме Премиер лигата, а мислам дека имаме шанси да го направиме тоа“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…