Легендата на Манчестер Јунајтед, Енди Кол смета дека играта на Бруно Фернандеш многу се променила после доаѓањето на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Фернандеш запиша 28 гола и 17 асистенции на 58 меча минатата сезона, но оваа сезона има само два гола на 24 меча.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Изгледа смешно, но Роналдо се врати целата игра на Бруно се промени. Порано постигнуваше голови, а сега излегува во одлична позиција и гледа како да го најде Роналдо, па веќе не е истиот играч“.
„Го гледам и се прашувам зошто? Тој има голем квалитет и не треба да се грижи дали Роналдо е во тимот. Едноставно неговата форма падна бидејќи се промени играта“, изјави Енди Кол.