Македонскиот прволигаш Шкендија го продолжи договорот со фудбалерот од средниот ред Бруно Дита.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шкендија потврди дека Дита ставил потпис на договор до 2024 година и ќе го носи црвено-црниот дрес уште две години.
„Многу сум среќен што денеска потпишав нов договор со Шкендија и што ќе продолжам да го носам црвено-црниот дрес уште две години. Им благодарам на челниците на клубот што овозможија продолжување на договорот, исто така беше и моја желба да продолжам да бидам дел од Шкендија. Посебно ми е драго што ќе го продолжам престојот во градот Тетово. Во Шкендија формиравме добар тим и убеден сум дека во наредниот период ќе имаме успеси со Шкендија“, изјави Бруно Дита.