Стефано Пиоли наводно во овој момент е најблиску до клупата на Милан, но навивачите на Милан сакаат да спречат тој да седне на клупата.
Марко Џампаоло се покажа како промашување на Милан и после седум кола изгледа ќе си замине, а фаворит како што споменавме во овој момент е Пиоли.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кампања „#PioliOut“ се овтори на друштвените мрежи, навивачите сакаат да спречат тој да седне на клупата. Пред се не го сакаат затоа што е поранешен тренер на Интер и јавно зборуваше дека навива за тој клуб, покрај тоа тој не ветува многу со неговите претходни (не)усепси.
Во Серија А ги водеше клубовите на 310 натпревари и запиша 109 победи, 112 порази и 89 натпревари му завршиле без победник. Во Серија Б на 250 натпревари оствари 89 победи.
Ова е статистика која не ветува и сега останува да се види дали Милан ќе ги игнорира навивачи и ќе го именува Пиоли или ќе побара некое друго решение.
Покрај Пиоли се споменуваа имињата на Саплети, Марселињо и Руди Гарсија.